ГАЛЕРИЈА: „Стјуардесите“ на Мак Аутостар го претставија автомобилот на иднината – новата E-Class

by Фокус
Мак Аутостар на сосема невообичен начин го претставува автомобилот на иднината, кој доколку го погледнете внатре, изгледа како првокласно уреден салон. За што поавтентично да се долови чувството на новата E-Class, салонот на Mercedes-Benz е преуреден во авионски луксузен VIP салон, а за дочекот на гостите се грижат „стјуардесите“ на Мак Аутостар.

Тимот или во овој случај екипажот на Мак Аутостар им приредува првокласен дочек на сите VIP гости во салонот на Мак Аутостар, впрочем како што и доликува на моментно најлуксузниот автомобил во својата класа. Преку новата E-Class, Mercedes-Benz отвора ново поглавје во иднината на автомобилската индустрија, претставувајќи го најинтелигентниот автомобил со мноштво техничко-технолошки иновации, изјави директорот на продажба на Mercedes-Benz патнички возила, Мартин Стошиќ.

Новата E-Class е софистицирана, доверлива и спортска. (Повеќе инфо на www.mercedes-benz.mk/novata_e_class)

Тоа што е невообичаено за кој било автомобил е што новата E-Class се нуди со два сосема различни изгледи на предниот дел на внатрешноста.

Една од верзиите е со централно поставен екран со големина од 12,3 инчи, засега најголем во својата класа и со исто толкава големина на дигитална инструмент табла. Достапни се и три различни дизајни на инструмент таблата и тоа: “Classic”, “Sport” и “Progressive”.  Моментот на избор на бојата на осветлувањето во внатрешноста е уште еден интересен детал, при што на располагање на клиентите им се дури 64 различни видови бои.

На располагање се комфорни и специјално дизајнираните спортски седишта, а за да се доживее уште повеќе првокласаната удобност на новата E-Class, на располагање е и опцијата Warmth&Comfort која нуди греење на наслоните за раце, управувачот, централната конзола, како и брзото загревање на седиштата.

Во споредба со претходникот, должината на меѓуоскиното растојание е зголемено за 65 мм (2939/2874),  додека вкупната должина е зголемена за 43 мм (4923/4880). На располагање се три вида суспензија Comfort, Avantgarde и Sport.

Новата E-Class е единствен автомобил во овој сегмент кој може да биде опремен со воздушна суспензија со повеќе комори.

Преку копчето DYNAMIC SELECT, возачот може да избере една од 4-те пре-дефинирани опции на стил на возење: “Comfort”, “ECO”, “Sport” и “Sport+”. Надополнето со воздушната суспензија – AIR BODY CONTROL како и дополнителната опција “Individual”, новата E-Class дава можност возилото да се прилагоди на сечиј стил на возење.

Нова генерација на помошни системи

Mercedes-Benz со новата E-Class повторно приреди мноштво изнедувања во поглед на врвните технологии и иновации.

DRIVE PILOT: Ова е следниот, нов чекор кон целосното автономно возење. Со помош на оваа опција, автомобилот е во можност самостојно да следи друго возило пред себе на безбедна оддалеченост и тоа до брзини на движење од 210 км/час. На овој начин возачот нема потреба постојано да притиска на педалите за сопирање и забрзувања, а возачот добива помош и на управувачот, преку системот Steering Pilot.

Speed Limit Pilot може самостојно да ја прилагоди брзината на движење на возилото, како одговор на информациите за ограничувања на брзината добиени од камерата или од навигацискиот систем.

Новина кај E-Class е и системот кој овозможува т.н. далечинско паркирање – Remote Parking Pilot.  Овој систем овозможува возилото да биде паркирано без управување од страна на возачот во автомобилот, односно само со помош на мобилен телефон.

Мулти-лед светла со висока резолуција – секое светло е составено од 84 ЛЕД светилки, кои автоматски го осветлуваат патот со прецизна дистрибуција на светлината, без притоа да им пречи на останатите учесници во сообраќајот.

Аеродинамичност

Аеродинамичноста е еден од најважните фактори за исклучителната ефикасност на новата E-Class. Новиот модел поставува нов рекорд во својата класа со коефициент на отпор на воздухот од само Cd 0,23.

Нова генерација мотори

Новата E-Class на почеток на воведувањето во продажба ќе биде достапна со два мотори: E200 со 4 цилиндричен бензински мотор, како и E 220 d со сосема нов 4 цилиндричен дизелски мотор.

Другите мотори ќе бидат воведени по официјалното лансирање, вклучувајќи го и E350 со хибридна технологија.

Најмоќната дизелска верзија на новата E-Class е опремена со 6 цилиндричен мотор со напредната SCR (селективна каталитичка технологија) технологија на издувните емисии, со вкупна моќност од 258 КС и вртежен момент од 620 Nm.

На распогање ќе биде и верзијата E 400 4MATIC со 6 цилиндричен бензински мотор со моќност од 333 КС и максимален вртежен момент од 480 Nm.

Модел Зафатнина

 cc

kW/КС Nm 0-100 км/час

во сек.

 

лит/
100 км
CO2

g/km

E 200

 

1991 135/184 300 7.7

 

5.9

 

132

 

E 220 d

 

1950 143/195 400 7.3 3.9 102
E 350 d 2987 190/258 620 5.9 5.1 133
E 350 e

System output

1991 205/279

(155+60

205+82)

600

(350+

360)

6.2 2.1 49

 

 

Поврзани новости