ГАЛЕРИЈА Ставен крај на 27-годишниот спор за името, потпишан договорот за името Република Северна Македонија

by Fokus

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа македонско – грчкиот договор, со што конечно е решен 27 годишниот спор за името.

Во нивна позадина беа двајцата примери Зоран Заев и Алексис Ципрас.

И специјалниот медијатор Метју Нимиц стави свој потпис на договорот.

За време на целата церемонија, и во Република Грција и во Република Македонија, присуствуваа Потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и Заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини и Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

ФОТО: Томислав Георгиев

Поврзани новости