562
Условите во скопските клиники постојано се на удар на критики, поради нехигиената и лошата слика што ја оставаат кај пациентите.
Фотографиите до кои дојде „Фокус“ покажуваат дека состојбата во Клиниката за уво, грло и нос е хаотична и ги загрижува пациентите од оваа болница.
Искршени прозорци, расфрлани отпушоци и таван кој се рони е секојдневната слика што ја гледаат луѓето.