Галерија: Раскош и луксуз во владината барокна зграда, лустери со сваровски кристали

by Fokus

Премиерот Зоран Заев денеска со неговите министри ќе ја одржи првата владина седница во барокната зграда на Илинденска 2. Тој денеска ги отвори портите на владата, а пред да се започне седницата новинарите и фотографиите имаа можност да се уверат во раскошот и луксузот во владината зграда, која повеќе од една година е во барок.

Во свечената сала каде што се одржуваат билатерални средби за премиерот и министрите, во владиниот кабинет, во салата за седници можат да се забележат маси од махагони, рачно изработени фотелји од кожа нитнована со копчиња, паркет од скап храст, ѕидови од резбано дрво од орев, плафони од скап мермер, лустери со сваровски кристали.

В.С.

Поврзани новости