Галерија: Последниот ден од животот на црниот лабрадор Дјук…

by Фокус 19:04
19:04

Семејството Робертс знаело дека нивното куче, Дјук, мора да се успие, откако карциномот почнал да се шири низ целото негово тело. Пред неколку години, откако му бил дијагностициран карцином, ногата на црниот лабрадор му била ампутирана. Подоцна, ракот веќе се проширил насекаде. Еутаназијата била закажана за 7 јули 2014, а семејството решило последниот ден на Дјук да му го направи посебен.

Трогателната приказна за тоа како му заврши животот на црниот лабрадор од Хјустон, Тексас, ги преплави медиумите и социјалните мрежи, со порака дека кучињата најчесто препознаваат кога им се наближува смртта, но тоа не ги спречува до бескрај да уживаат во последните моменти со оние што безрезервно го сакале.

- Advertising -

Семејството Робертс преку серија фотографии го опиша последниот ден од животот на нивниот миленик, насловувајќи ги како „Јас умрев денеска“.

Изедов многу харбургери. Имавме забава.

Се смеевме.

Си мислев колку ќе ми недостигаат овие луѓе…

Кирстен дојде да ме посети. Таа е мојот пријател, мојот заштитник.

Додека чекавме да дојде ветеринарот, некој рече прво да одиме во Аква парк! И тргнавме.

Знаеш дека ќе ми недостигаш, така?

Те молам чувај го моето семејство кога ќе ме нема.

Лудувавме…

Се смеевме.

Слушам детски глас во далечината. И си мислам на децата дома, колку многу сакав да ги штитам

Почнаа подготовките…

Не чувствував болка… иако туморот навистина беше огромен.

Денеска почувствував само љубов…

Се збогував со мојата пријателка Кира…

Впрочем, не реков „збогум“… реков „довидување“

Поврзани новости