ГАЛЕРИЈА Лицата на 2018 низ објективот на Томислав Ѓорѓиев

by fokus

Кога би правеле рекапитулација на 2018 година би се присетиле на најважните настани, како референдумот на Договорот со Грција, апсењето и притворањето на високи функционери од претходната власт што многумина го проследија со неверување, Договорот за добрососедство со Бугарија, бегството на Груевски, гафовите на политичкиот врв. Но остануваат многу моменти кои ќе се заборават под напливот на информации.

За да не ги заборавиме оние настани кои ја дефинираа и одбележаа 2018 година, потсетуваме на некои од нив преку фотографиите на фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Ѓоѓиев.

Меѓу овие кадри од годината што изминува е и протестот пред Кривичниот суд на кој се бараше правда за Груевски, гласањето за отворање на Уставот во Собранието, протестите на „Македонија блокира“, меѓу фотографиите е и онаа која ја доби годишната награда „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија.

 

Поврзани новости