Околу  1.000 работници од областа на културата излегоа на скопските улици, барајќи подобрување на условите во колективниот договор. По собирот пред Владата, се упатија кон Министерството за култура.

Под слоганот „Колективен сега“, работниците од повеќе различни интитуции кои се под капата на министерството бараат повисоки плати и подобри услови за работа. Колективниот договор во културата не е променет 14 години.

Културните работници велат дека ова е предупредувачки протест, а доколку нема никаков одговор од надлежните, најавуваат и штрајк.

 

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.