(Галерија) Избори 2014: Дисквалификувана демократија

by Фокус 14:34
14:34

Преку кршењето на изборниот молк, до медиумската пристрасност и пропагандна неизбаланзираност, законитоста во спроведувањето на изборите, партиските притисоци, поткупот на гласачи, фантомските гласачи, па се до употребата на насилство – сето ова е дел од публикацијата „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“, во издание на невладината Цивил.

Публикацијата, која беше презентирана денеска е дело на авторите Сашо Орданоски, Џабир Дерала, Сандра Гавриловска, Мери Јордановска, Петар Стојковиќ, како и на соработничката екипа составена од членовите на проектниот тим на Цивил, меѓу кои Фросина Митрушева, Билјана Јордановска, Арбана Ќерими, Џелал Хоџиќ, Стефан Урџановски, Бунјамин Камбери, Катерина Маневска – Христовска, Соња Ефтовска, Горан Наумовски.

- Advertising -

Промоцијата на публикацијата беше придружена со стрип изложба, дело на Игор Стевковски – Стевац, а ексклузивно беше проектиран извадок од документарниот филм на Фаик Грбовиќ, автор од Македонија кој две децении живее и работи во Лондон.

Со публикацијата се заокружува целокупниот ангажман на Цивил за време на двојните избори годинава, почнувајќи од сите нерегуларности детектирани од набљудувачите, до дневникот на настани, четириесетина видео прилози и фотографии кои ја оддаваат реалната слика за изборниот процес во земјава.

 

Поврзани новости