ГАЛЕРИЈА „Да се предадеме на музика, забава и смеење – откако се одадовме на лажење, крадење и неверства“

by Fokus

Под мотото „Да се предадеме! На музика, забава и смеење – Откако се одадовме на лажење, крадење и неверства“,  синоќа во ВИП Арената „Борис Трајковски“ се одржа 22-то издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.

-Драги наши отруени и запоставени граѓани, доколку сè уште верувате дека има останато некој нормален во нашата држава – доаѓа денот кога можеме да се собереме и заедно да провериме, да се проветриме и да уживаме во најновото издание на ,,Златна бубамара на популарноста”. Време е да се предадеме – на музика, смеа и работа. Откако се оддадовме – на лажење, крадење и неверства…Ова е можност за просветлување и воскреснување на надежта…- вака беше најавувано долгочекуваното забавно шоу.

Како и по традиција вечерва беа доделени повеќе златни бубамари, а специјалната награда му беше врачена на 12-годишниот Марко Пејчиновски кој и покрај здравствените проблеми, лани на празникот Голема Богородица го преплива Охридското езеро.

ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ

Поврзани новости