(ГАЛЕРИЈА)БАРАМЕ ЧЕСНА И СКРОМНА ВЛАСТ!

by Фокус

Со протестен перформанс и „тура“ низ центарот на градот со добропознатата „лада нива“ од која трештеа пораки против криминалите на власта, иницијативата „Заслужуваме подобро“ денеска испрати пораки до Владата за поставување на потребите на граѓаниите како оска на државните политики.

Откако прошетаа пред Владата со букви кои ја испишуваа паролата „Заслужуваме подобро“, активистите на оваа иницијатива порачаа дека граѓаните имаат право да ги контролираат политичарите, а власта треба да биде менлива – посебно лошата власт.

– Демократијата не е само право на глас на избори, еден ден во четири години. Ние имаме право постојано да ја преиспитуваме и менуваме власта. Бараме власт која нема да троши на луксуз, туку ќе се бори против немаштијата. Една третина од домаќинствата располагаат со приходи под 13.000 месечно, а премиерот си нарачува „мерцедес“ од 600.000 евра државни пари! – велат од Иницијативата.

Протестот инаку се случи додека пред Владата протестираа и стечајните работници од ОХИС.

Поврзани новости