ГАК: Ниту еден процес не беше загрозен откако немаше струја, сите бебиња се стабилни

by fokus

Откако вчера имало краток прекин на струја во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје, оттаму информираат дека во ниту еден момент не бил загрозен ниту еден процес.

„Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија. Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ – одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот. Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија“, велат од ГАК.

Поврзани новости