Гаќичките на општина Карпош во суд ги соочија Јакимовски и Несторовска

by Фокус 16:15
16:15

Денеска во судница се соочија градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски и советничката од СДСМ, Магдалена Несторовска. Таа на прес конференција откри дека Јакимовски за неполни три месеци склучил два договора   за набавка на спортски гаќички, маици и тренерки, во износ од 120 илајди евра, во услови кога општината е финансиски презадолжена.

За оваа прес конференција советничката доби три тужби за навреда и клевета, со вкупно отштетно побарување од 80 илајди евра. Јакимовски како физичко лице и побара 30 илајди евра. Општината Карпош, преставувана од Стевчо Јакимовски како градоначалник , за нанесената навреда и клевета побара иста така отштета од 30 илајди евра, на крајот фирмата која ги добила тендерите , Линк Медиа Плус Доел -Скопје се најде навредена и во поднесената тужба, побара 20 илјади евра оштета.

nestorovska

- Advertising -

На главната расправа која се одвиваше во Основниот суд Скопје 2, градоначалникот говореше дека  само го склучил договорот, дека се работи за договор кој ќе се реализира, а може и да не се реализира, дека сумата е рамковна и дека парите не се исплатени, и се уште е во тек исплаќањето на договорот.

Советничката Несторовска  пак, тврдеше дека е нејзино легитимно право како советник, во името на граѓаните, да постави прашање до градоначалникот , како тоа за него топките и спортските гаќички се поважни од греењето на децата во училиштата. Таа истакна  дека Општината е во тешка финансиска состојба, во моментот на потпишувањето на договорите и дека општината според завршната сметка имала долг од близу девет милиони евра, имала неисплатени  степендии на спортистите, степендии на талентираните ученици и неподмирени побарувања спрема редици доверители.

На прашањето на градоначалникот, дали таа знае дека има договори што не се реализираат, таа одговори дека токму таквиот однос на градоначалникот е причина  што во овој суд се водат многу предмети каде доверителите ја тужат   општината, заради неизвршување на обврски преземени со потпишување на договорите од страна на градоначалникот, а судските трошоци и пеналите паѓаат повторно на товар на граѓаните на Општина Карпош.

На прашањето на адвокатот на градоначалникот Виктор Цветковски дали е свесна дека градоначалникот “само го склучил договорот” и зошто на пресот го употребила зборот, “потрошил”, таа одговори дека според одредбите од облигационото право, ставањето потпис на договорот од страна на градоначалникот, не е автограм на книга, туку има тежина на преземање на обврска, која општината мора да ја изврши.

Магдалена Несторовска за „Фокус“ изјави дека се обидува да го увери судот дека не се работи  за клевета,  за која градоначалникот бара толкава отштета од причина што неспорно е дека   двата тендери   беа објавени на официјалната страна на Бирото за јавни набавки и вредноста на овие договори изнесувал  120 илјади евра , а  рокот на извршување на договорите децидно беше наведен и изнесувал  12 месеци. „Градоначалникот не негира дека ги склучил договорите. Не негира дека вредноста на договорите е толкава. Тој тврди дека договорите не се реализирани. Тоа не беше предмет на мојата прес –конференција“.- вели Несторовска.

На расправата градоначалникот и неговиот адвокат поставуваа прашања кои предизвикаа бурна реакција од адвокатот на тужената Оливер Ристовски , заради нивната неповрзаност со предметот на спорот –  дали знае советничката што е испратница , дали знае  со колкав долг  ја презел Јакимоски пштината, дали знае од кои извори се плаќа греењето на училиштата и слично.

Поврзани новости