Гајсер: Јанева ќе биде „громобран“ за вмешаните судии и политичари, се додека не ги објавиме останатите докази

by fokus

Италијанскиот весник „Ла Верита“ утринава објави анализа за последните случувања во Македонија со апсењето на специјалната јавна обвинителка, која заврши во 30-дневен притвор. Гајсер ја почнува анализата со информација дека Јанева е третоосомничена во предметот „Рекет“. Тој најавува нови докази кои, како што вели, потврдуваат вмешаност на политички функционери во аферата.

„Објавените видеа од наша страна силно ја осомничија Јанева за изнуда против обвинети лица, па дури и лица под истрага токму од нејзина страна. За помалку од 24 часа по нејзиното сведочење, Катица Јанева е уапсена“, пишува Гајсер.

Тој не верува дека обвинителството ќе најде некаков доказ во компјутерот на Јанева кој вчера беше запленет во СЈО, бидејќи, како што вели Гајсер, обвинителите дозволија да помине доста време од обелоденувањето на скандалот.

„Со оглед на тоа што Вилма Рускоска точно пред месец дена, зборувајќи за колешката Јанева, подвлекуваше јавно дека не гледала никаков мотив Катица Јанева да избега или да се гони, се потврдува фактот дека Ла Верита во овој период ефективно одигра корисна услуга од јавен карактер. Сето ова не тера да мислиме на сценарио во кое, доколку не дојдевме до аудио-документацијата и не ја објавевме, судскиот систем предводен од Вилма Рускоска, омилената на Зоран Заев, ќе стореше се’ за да ги заташка доказите и случајот“, пишува Гајсер во својот коментар.

На крајот тој додава Јанева не е единствената кон која истрагата треба да биде проширена, односно дека треба да бидат опфатени судии и политичари.

„Во очекување дека „Ла Верита“, денот кога ќе бидеме сигурни за безбедноста на нашите извори, ќе може да ги објави дополнителните докази кои ги има и кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу рекетот, Катица Јанева изгледа дека е осудена да стане “громобран” за сите оние, судии и политичари, коишто се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев“, посочува Гајсер.

Поврзани новости