Габер-Дамјановска: Членот 11 не постои, Иванов не може да помилува никој

by Fokus

Еднаш избришана одредба, не може да го врати Уставниот суд во поредок, рече во интервју на емисијата „360 Степени“ на „Алсат“ поранешната судијка во Уставниот суд, Наташа Габер-Дамјановска.

„Основниот текст на законот е изгласан во 1993 година и таму го има тој член 11 на кој се повикаа двајца претседатели, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, па во 2009 година беа донесени измени со кои беше избришан членот, а беа додадени и 4 кривични дела кои не можат да бидат предмет на помилување. Потоа со иницијатива од охридски адвокат се побара укинување на сите измени и дополнувања од 2009. Тоа беше сторено од Уставниот суд, по што се веруваше дека ако се укинат сите измени и дополнувања, се враќаме на претходната состојба, од 1993, во која членот постои. Но тоа така не може да биде. Уставниот суд веќе има неколку такви примери во својата пракса, во која експлицитно кажува дека еднаш избришана одредба не може да ја врати Уставниот суд во поредок, туку единствено кое може е Собранието“, рече Габер-Дамјановска.

Таа додаде, дека ако претседателот Иванов сега реши да помилува некого и се повика на член 11 од Законот за помилување, тоа ќе биде залудно, зашто тоа е непостоечка одредба.

Поврзани новости