Георѓиевски: Македонија е во последните три места по висина на плата

by Фокус 12:09
12:09

Дали граѓаните во Делчево пред десет години не земаа дупло поголема плата од соседите во Благоевград, а сега е обратно. На времето ние одевме на шопинг и се враќавме со полни торби од Благоевград, сега тие доаѓаат во Делчево и се враќаат со полни торби. Треба да го погледнеме просекот во европските земји и не е тешко да се констатира дека Македонија заедно со Албанија и Молдавија ги дели последните три места по висина на платата. Со овие зборови пред делчевчани вчера се обрати лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека овие неколку дена се во улога на истражувачи, затоа што многу се заинтересирани за овие 10.000 проекти што ги има во отчетот на владејачката структура.

- Advertising -

– Еве тука еден многу добар пример и локација на граѓаните на цела источна Македонија кога ги слушаат сите овие спотови, реклами на телевизија, колку работи и колку работела оваа влада во овие осум години, додека е на власт. Ова е убава можност да ги повикаме сите граѓани од Делчево, Берово, Каменица, Кочани, Свети Николе да се свртат околу себе и да видат што Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено за нив во овие осум години. Втората работа е што се фалат колку пати ги зголемиле платите, откако се дојдени на власт. Може да се спореди во 2002 година, колку со платите што ги земале можеле да купат тогаш и колку можат да купат денес. Исто се однесува и на пензионерите.

Ѓорѓиевски се „заблагодари“ и на јавниот сервис МРТВ, затоа што на почетокот на кампањата за нив одделиле само 22 секунди, а сега им ги одземале и тие.

Поврзани новости