Ѓорчев: Пред Велигден ќе чуете многу монтирани работи за Груевски

by Фокус 09:33
09:33

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица Влатко Ѓорчев на вчерашниот митнинг во Берово им порача на граѓаните дека и покрај клеветите врз премиерот, вистината ќе победи.

– Овие денови, во предвечерието на Велигден ќе чуете многу клевети врз Никола Груевски. Многу лаги, многу наместени, многу монтирани работи. Многу отровни стрели ќе има врз Никола Груевски. Но, драги браќа и сестри, драги сограѓани лагите и клеветите во предвечерието на Велигден не се ништо ново. Тоа е работа што трае со илјадници години, но Велигден не’ учи, Велигден не поучува дека победува вистината, победува доблеста. Победува исправноста. Во Македонија ќе победат ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, Никола Груевски и Ѓорге Иванов – порача Ѓорчев.

- Advertising -

Тој на беровчани им порача дека секој глас за СДСМ, ГРОМ или за ВМРО-НП е глас за ослабнување на ВМРО-ДПМНЕ во идната македонска влада и ги уверуваше дека многу е важно неговата партија да има 63 пратеници. Тој ги покани и симпатизерите на СДСМ да гласаат за 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости