Ѓорчев: Јанева не го почитува Уставот

by Фокус

Претседателот на комисијата за политички систем и член на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, непојавувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева пред Комисијата за да го образложи Извештајот за работата на нејзиното обвинителство го оцени како непочитување на Уставот.

-Не добивме известување дека нема да дојде иако интересот помеѓу пратениците е голем. Нејзиното недоаѓање и недавање известување дека нема да се појави е непочитување на собранието. Непочитување на уставот на Република Македонија. Македонија е парламентарна демократија и сите именувани лица носат одговороност, рече Ѓорчев.

Ставот на Специјалното обвинителство е дека според законот, Катица Јанева не е должна да го образложува Извештајот, ниту да дава отчет за него.

Поврзани новости