Г.г. Стефан и патријархот Неофит: Едногласно одлучивме БПЦ да ни биде мајка-црква

by fokus

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан денеска се сретнал со патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит, јавија бугарските медиуми.

Архиепископот Стефан се заблагодарил на сите во Бугарија кои ја поддржуваат желбата на МПЦ да добие признание за својата незавиност и истакнал дека писмото со барањето до БПЦ било едногласно прифатено од Синодот на Македонската православна црква.

-Писмото што го испративме до Бугарската патријаршија дека таа може да е наша црква-мајка едногласно е прифатено од нашиот Свет синод. Некои од соработниците можеби и имаат свое видување, но важно е што решава и вели мнозинството – изјави архиепископот Стефан.

Бугарскиот поглавар изјавил дека сега, со Божјата премудрост, учесниците во меѓуцрковната комисија треба да го донесат резултатот што го сакаме за проблемот со македонската архиепископија.

 

Поврзани новости