Функционерите од Алијансата за Албанците поднесоа оставки, ќе дејствуваат како опозиција

by fokus

Арта Точи, заменик-министерката за надворешни работи, Ремзи Мемеди, заменик министерот за транспорт и врски, Елми Азири, заменик министерот за труд и социјала и Зулфи Адили, државниот секретар во Министерството за правда, и официјално денеска поднесоа оставки. И уште осум директори, членови на Алијансата за Албанците како дел од владината коалиција, се очекува да се повлечат од функциите.

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците рече дека ќе продолжат да дејствуваат како опозиција бидејќи бил нарушен договорот што го имале со претседателот на Владата, Зоран Заев.

За Заев ова е очекуван чекор бидејќи „Села не ја прифатил понудата за потпретседателско место за реформи во Владата“.

Поврзани новости