Функционерите да кажат дали имаат повеќе државјанства, предлог за кој допрва ќе размислува Владата

by fokus

Во моментот Владата нема планирано законски измени за избраните и именуваните функционери пред стапувањето на функција задолжително да соопштат дали имаат повеќе од едно државјанство, но вредно е за размислување, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на оваа тема на денешниот отчет за сработеното од Владата во изминатите 100 дена.

– Дали имаме, немаме, ќе размислиме, ќе разгледаме, секоја иницијатива е вредна, а ние сме Влада што внимателно слуша, така што во моментот немаме, но во иднина сакам да ги слушнам сите аргументации. Ќе ги разгледаме и меѓународните пракси, европските тенденции и пракси какви се, сето тоа што народот и новинарите го предлагаат е вредно за разгледување, изјави Заев.

Поврзани новости