Функционери на ДУИ од Чаир се потпишале против градоначалникот Ганиу

by Фокус

Вкупно 22 високи функционери во ДУИ од огранокот во Чаир, меѓу кои се министерот Бујар Османи, пратеници, потпретседатели на партијата, ветерани од ОВК, се спротивставуваат на изјавите на градоначалникот од нивната партија Висар Ганиу, кој е дел од „огнената група“.

„Ние, долупотпишаните, високи членови на огранокот на ДУИ во Чаир и другите локални и централни партиски тела сме особено загрижени за околностите во нашите локални структури од причина што од изборот до денес се нема одржано состанок на огранокот на ДУИ во Чаир во последните 3 години, ниту пак е ревидирана реализацијата на ветената локална и централна изборна програма, ниту пак одговорните лица се повикани на одговорност за реализираните или нереализираните проекти.

Сите проекти го имаат доприносот на секој од нас и се направени заеднички затоа што ништо не можеме сами, а тоа го овозможи ДУИ и лидерот Али Ахмети. Секоја услуга, секој проект ветен пред граѓаните, сме имале можност да го реализираме само затоа што таква можност ни делегирше лидерот на ДУИ“, стои во соопштението.

Овие 22 потписници велат дека се разочарани од индивидуалните јавни реакции на градоначалникот на општина Чаир и се оградуваат од, како што велат, употребениот навредлив јазик и обидите за присвојување и инсталирање на поделба.

Поврзани новости