Фуере: ЕУ ја извиси Македонија

by fokus

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, смета дека ЕУ не ги исполнила обврските кон Македонија. Според него, Унијата ја „извисила“ државава, и покрај напредокот што го остварила.

-Последните години беа многу тешки за Македонија. И голем предизвик и ризик за Владата да отпочне преговори со соседна Грција со цел решавање на овој долготраен проблем. А тоа го постигна со неверојатна храброст, а мотивација за тоа беше надежта за приклучување кон ЕУ. Од причини кои немаат врска со билатералниот спор, туку со поширокиот контекст на проширувањето на Унијата, за жал, тогашната француска влада постави блокада и рече дека сакала да ја ревидира методологијата итн. Добро, можеби тоа беше неопходно. Но не требаше да го прекине или да го поткопа ветувањето кое ѝ беше дадено на земјата дека штом ќе се потпише и имплементира договорот со Грција, ќе почнат преговорите – рече Фуере за ТВ 21.

Тој додаде дека јасно е оти ЕУ моментално потфрла со обврските не само кон Северна Македонија, туку, како што потенцира, кон цел регион.

Поврзани новости