Фуере: Демократијата го изгуби своето значење во Македонија

by Фокус 19:45
19:45

Оксфордскиот речник ја дефинира демократијата како „состојба во која власта е кај сите граѓани, непосредно или преку претставници, форма на општество кое ги игнорира наследените класни разлики и ги толерира ставовите на сите малцински групи“.
Судејќи според поведението во последниве години, дефиницијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е радикално различна, односно тоа е состојба во која Владата ги контролира сите нивоа на власта, вклучувајќи го судството и процесот на избори, не толерира никакво малцинство или различни погледи и користи страв и застрашување во остварување на власта, пишува поранешниот евроамбасадор во Македонија Ерван Фуере за „Балкан Инсајт“.

„Владината оценка за „Скандинавски избори“ беше длабоко противречна и уште еднаш покажа дека Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ функционира според сопствени правила.
Всушност, од изборот на моменталниот премиер во 2006 година, изборното досие на земјата беше проблематично и сите слабости на изборниот процес се повторуваа па дури и се влошуваа на секое наредно гласање. Ако се стави настрана извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2008 година, кога имаше еден смртен случај и неколку повредени во насилни инциденти, овој извештај беше најлош“, смета Фуере,

(„Фокус“ објавува дел од текстот со дозвола на БИРН)

- Advertising -

Поврзани новости