Фудбалерот Маркоски нов секс симбол во земјава: Сите го сакаат Кире, а тој има очи само за Ана – Марија

by fokus
 Откако завчера младата фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство за играчи до 21 година кое следната година ќе се одржи во Полска, фудбалерот Кире Маркоски од Охрид, стана еден од најпопуларните спортисти кај нас.

Почнаа да го споредуват со легендарниот Бекам, а девојките се воодушевени од неговиот изглед и харизма. Сепак ,,Фокус“ открива дека Маркоски е среќно вљубен, и тоа во Ана – Марија, ќерка на поранешниот фудбалер и член на Македонската фудбалска репрезентација Саша Ќириќ. Саша не го крие задоволството од изборот на неговата ќерка и вели дека им ја дава својата целосна поддршка на младите.

,,Генерално, јас настојувам да не се мешам во изборот на моите деца, затоа што тие се оние кои ќе живеат заедно со своите идни партнери. Ана-Марија во Кире има млад човек кој веќе со 21 година цврсто и самоуверено чекори низ животот. Драго ми е кога гледам дека се на иста бранова должина и секогаш разговараат и наоѓаат решенија за предизвиците што им ги носи секојдневниот живот. Инаку, со Кире се уште немаме играно фудбал заедно затоа што пред се, јас поради повреда што ја ,,влечам,, од минатото не сум во состојба да играм, ама наскоро ќе направам хируршки зафат и некаде во блиска иднина ќе се испробаме на зелениот терен. Бидејќи сме доста време заедно со Кире, имаме време и да дискутираме за неговиот стил на игра и за се она што еден млад фудбалер може да го подобри или да се надгради. Некои совети, пред се за поконкретност и поофанзивност во завршницата на напад, вродија со плод и Кире со право е ударната игла и голгетерот на оваа генерација која ни го претвори сонот во јаве и не однесе во завршница на едно големо натпреварување како што е Европско првенство – ни изјави Ќириќ.

admin-ajax
И Ана – Марија не го крие задоволството поради успехот на нејзиниот сакан, со кого што биле во врска околу година и половина.
,,Нормално, нас не спои фудбалот, поради него стапивме во контакт и се запознавме. Сакаме слободното време да го минуваме во активности поврзани со спортот, да шетаме во природа, но како и сите останати на наша возраст, сакаме да минеме време и во некое кафуле. Се подразбира дека тој ја има целосната моја поддршка во секоја област. Со оглед на тоа дека спортот, посебно фудбалот е огромен дел од мојот живот, имам разбирање за неговите обврски и се обидувам  да му помогнам колку што можам, доколку има потреба“, – вели Ана – Марија, која што неодамна дипломирала на Факултетот за Бизнис и менаџмент, и моментално се подготвувала за постдипломски студии.

На натпреварот кој што ја пласираше Македонија на Европското првенство во фудбал, головите против Шкотска ги постигнаа Кире Маркоски и Енис Барди. Ова е  првпат Македонија да се пласира на големо фудбалско натпреварување како што е континенталното првенство.
thumbnail_ana-kire3-1
thumbnail_sasha-2c-kire1
Вики Клинчарова

Поврзани новости