ФСП: Груевски повеќе му наштети на ВМРО отколку Ванчо Михајлов!

by Фокус

Никола Груевски сега лицемерно повикува на обединување и збивање на редовите, а заборава дека со своите политики го подели народот, го растури вмровското ткиво и ја уништи идеологијата во партијата, реагираат од Форумот на слободоумни патриоти.

„Никола, касно е да се повикуваш на идеологија, сега може да се дружиш само со Сојуз на титови леви сили, ако сакаат да се дружат со тебе. Ти наместо да ја јакнеш идеологијата, одбра да коалицираш со такви отпадоци на штета на вмровците, таквите ти беа помили во споредба со нашите браќа и сестри. Никола, ти ќе бидеш запаметен како лидер кој нанел најголема штета на вмровската идеологија, поголема дури и од онаа на Иван Ванчо Михајлов. Историјата ќе те памети како предавник на вмровците и вмровската, а со тоа и на македонската кауза“, велат од ФСП.

Од таму истакнуваат вмровците јочекуваат оставки на Груевски и на членовите на, според нив, криминалното партиско раководоство.

Поврзани новости