Фросина Ременски ќе стане потпретседателка на парламентот

by Фокус 11:42
11:42

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, ќе биде и потпретседател на парламентот, дознава Фокус.

Таа се споменуваше како можен кандидат на неколку позиции во извршната власт во областа на безбедноста, меѓутоа, според нашите нинформации, таа дефинитивно останува во законодавната власт.

- Advertisements -

Неодамна за спикер беше избран Талат Џафери од ДУИ, кој, согласно досегашната парламентарна практика, покрај Ременски, треба да има уште еден потпретседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа најверојатно тоа нема да се случи, имајќи во предвид дека најголемата опозициска партија не го признава неговиот избор.

И.М.

Поврзани новости