ФРОДЕМ: Во криминал до гуша, а сакаат да се испазарат

by Фокус

ФРОДЕМ е згрозен од информациите дека неколкумина од врвот на ВМРО ДПМНЕ преговараат да се извлечат од кривична одговорност, на сметка на други.

„Целта е со пазарот да се спасат неколкумината најблиски, а другите да се ,,пуштат“ низ вода. Вештачкото форсирање победнички дух иглумењето непопустливост е во функција на пазарот за личен спас. Паднамаскитеналажнитеморалисти и квазипатриоти. Патриоти за преполн сопствен џеб. На членството и на целата домашна и меѓународна јавност секој ден им станува се појасно како големите патриоти демохристијанисе богателе во име на народот и од народните пари.

Веке не помагаат тајните и јавните контроли на лојалноста, ниту суптилните или јавни закани од причина што на сите им станува јасно дека неможе да се брани неодбранливото и криминалот. Криминализираната партиската вршушка станува се понервозна поради стравот некој од ,,кругот“ да не пропее пред СЈО, иако некои одамна ја имааат ,,испеано“ својата песна. На партиските прислушници кои свесно или несвесно се влезени во криминалниот лавиринт секојдневно животот им станува пекол. Колку побрзо соберат храброст и излезат од тој лавиринт и се соочат со правдата, толку подобро за нив.

Борбата која ја води ФРОДЕМ е борбазадобротонанародот, борбазаслобода,демократија и достоинство и борбазапочитуванадржававовистинскасмисланазборот. Тоа е битка за враќање на партијата на членството, а државата на народот. Toa e битка за демократска консолидација.Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не смеати понатаму да останат заложницина болните и непромислени авантури на алчните и лажни патриоти. Патиштата за остварувањена овие заложби се различни, но една е целта: Слободна и праведнаМакедонија ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери“, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

Поврзани новости