ФРОДЕМ: Власта ја турка земјава кон граѓанска војна преку создавање на паралелни стурктури во МВР!

by Фокус

Создавањето на паралелни структури во Министерството за внатрешни работи се вовед во посакуваната граѓанска војна од страна на власта во заминување, предупредува движењето ФРОДЕМ.

„Оваа нездрава ситуација е резултат на дејствувањето на партиските послушници и соизвршители на кривични дела. Министерот Оливер Спасовски, како најодговорно лице во МВР според Уставот и законите, да ги превземе сите неопходни мерки за доведување на ситуацијата во нормала, а сите личности кои го нарушиле системот и создале паралелни структури да бидат процесуирани согласно позитивните законски прописи“, соопштија од ФРОДЕМ.

Од таму го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја поништи одлуката за аболиција и да си поднесе оставка.

Поврзани новости