ФРОДЕМ: Режимот е уплашен и посегнува по очајни закани

by fokus

ФРОДЕМ е запрепастен од квази-операцијата на врхушката која деновиве се одвиваше под работен наслов „после нас потоп“, реагираат денеска од ФРОДЕМ. Според нив, ваков став може да се има само доколку не се сака сопствената држава, а потоа и партијата односно доколку не се сакааат и почитуваат светите букви ВМРО.

-Деновиве, на површина излегоа повеќе работи. Анализата на фарсата „после нас потоп“ кулминираше со две опасни пораки. Првата порака е дека е дојдено време за „ноќ на ножевите“ насочена кон внатрешните неистомисленици и кон целата опозиција во државата. Втората, насочена кон пријателите од меѓународната заедница со порака да си „заминат“!? Ова е можно само од оние личности кои доживеле церебрален казамат во главите. Втората закана кон странците укажува дека режимот е уплашен, дека посегнува по очајни закани и дека не му е гајле ниту за угледот и опстојувањето на ВМРО, а уште помалку за угледот на Македонија во меѓународниот свет. Некрофилните ислустрирани пораки до амбасадорите на заканите им дадоа посебна морбидност! Сепак, јасно е дека ова морално и човечко урушување, води само кон имплозија на врхушката. Но, јасно е и дека овие блефови кои се граничат со можност од „играчака да се случи плачка“ се далеку од тоа да направат реален братоубиствен конфликт. Далеку сме од тоа и никој не треба да се плаши од тоа, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Поврзани новости