ФРОДЕМ поднесе иницијатива Уставниот суд да го оценува својот Деловник

by Фокус

ФРОДЕМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за за оценување на уставноста на одредени одредби односно делови од актуелниот Деловник на Уставниот суд на Република Македонија со која се бара поништување на негови, кои како што велат се во директна спротивност со Уставот на РМ/91 и тоа во следните членови:

– Член 51 и 52 од од Глава IV од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија насловена како Постапка за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

– Член 62, 63 и 64 од Глава VI од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија насловена како Постапка за решавање на судир на надлежности и

– Член 67 од Глава VII од Деловникот на Уставниот суд, насловена како Постапка за одземање на имунитетот и за утврдување на трајно загубување на способноста за вршење на функцијата на судија на Уставниот суд:

– Сметаме дека овие членови од Деловниот се спротивни на уставните одредби, стипулирани во нормативниот дел на Уставот на РМ (1991) – особено во Делот I: „Основни одредби“; како и во Делот II: „Основни слободи и права на човекот и граѓанинот“ – и оддел 3 „Гаранции на основните слободи и права“: а) чл. 8, ст.1 – ал.1; ал.3 и ал.8 од Уставот на РМ Темелни вредности на уставниот поредок на Р. Македонија се: т. 1: основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право и утврдени со Уставот и т. 3: владеењето на правото; и г) чл. 51 од Уставот на РМ:

Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да го почитува Уставот и законите“, се наведува во соопштението.

– Со одредбите во членовите 51 и особено 52 се ограничува правото на граѓаните на заштита на слободите и правата од причина што како услов се поставува доставување на факти и докази што граѓаните го става во крајно нерамноправна положба во однос на робусната моќ на државните институции и другите субјекти кои му ги повредиле правата и кој во најголемиот број на случаи не му овозможуваат пристап до фактите и доказите. Ова особено се донесува на постапување на органите на прогонот.

Поврзани новости