ФРОДЕМ: Граѓаните ги прочитаа лажните патриоти и милитанти

by Фокус

ФРОДЕМ преку соопштение изразува загриженост за ситуацијата, но смета дека граѓаните веќе ги знаат манипулациите на власта и не наседнуваат на нивните провокации.

„Граѓаните ги победија манипулантите. Паднаа маските на милитантните структури од ДУИ и на лажните патриоти во ДПМНЕ. Граѓаните ја сфатија дволичната политика на власта, која ноќе е пироман, а преку ден глуми пожарникар. Народот не реагираше на нивните квази националистички и религиозни провокации. Настрада само една криминално преплатена палма.

Прочитан е обидот за стартување на меѓуетнички тензии со кои режимскиот криминал треба да се пренасочи во трет план. Народот лежерно го прочита и планот „Б“ односно правењето атмосфера за примитивна изборна манипулација. Очигледно е дека некој се обидува со лажни совети да спасува пастирот, продавајќи му стари мувлосани, веќе видени, сценарија за спасување на кожата, со кои само дополнително го заглавува. А се знае кој може да продава изветвени, неуспешни журнали од „Застава филм приказује“.

На општината Бутел и на населбата „Топанско поле“ им треба обележја што обединуваат. Не им требаат лажни патриоти на кои клептоманството им е клучна карактеристика, и кои по секоја цена сакаат бескрајна власт.

ФРОДЕМ ќе се обрати до градоначалникот и советот на општина Бутел, со јасно барање да прекине со опасното поттикнување на меѓуетничка и верска нетрпеливост. Истовремено ќе побара до завршувањето на парламентарните избори да прекинат со „опасните игри“ и ќе предложи решенија на споменични обележја од заедничко значење кои обединуваат, а не разединуваат“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ

Поврзани новости