ФРОДЕМ формира Комитет за заштита од режимот

by Фокус

ФРОДЕМ соопшти дека ќе формира Комитет за заштита, поради, како што нагласува, големите повреди на слободите и правата на граѓаните преку злоупотреби направени од страна на режимот, како и поради можните реваншизми врз политичките неистомисленици до промената и по промената на режимот.

ФРОДЕМ упати повик до граѓаните кои не можат сами да се изборат за своите слободи и права и да се спротистават на злоупотребите кои се прават од поединци и групи во институциите и надвор од нив, а под заштита на режимот, да се приклучат на Комитет за заштита.

„Комитетот за заштита активно ќе се залага секаде и во секој случај каде се пријавени злоупотреби, институциите и одговорните лица веднаш да ги отстранат. Од одговорните лица ќе се бара да постапат согласно законот и согласно начелото на итност, која е предвидена во Уставот на РМ кога се повредени слободите и правата на граѓаните. Во законите прецизно е наведено дека институциите и органите се сервис на граѓаните, а не сервис за реализација на интереси на поединци и групи кои го суспендираат уставниот поредок и кои делуваат паралелно, инсталирајќи режимско постапување. Исто така, ќе побараме и ќе се избориме секој обид професионалните службеници да бидат предмет на пред и пост изборен реваншизам законски и практично да биде спречен.
Комитетот за заштита го сочинуваат членови и поддржувачи на ФРОДЕМ, како и надворешни лица експерти и лица кои имаат интерес за заштита на своите слободи и права и основните вредности на Уставниот поредок на Република Македонија. Комитетот за заштита има два поткомитета: поткомитет за заштита од режимот и поткомитет за заштита од реваншизам“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости