Фрлила пепел во дворот и опожарила 1,5 хектари, соседите во паника

by Fokus

Штипската полиција поднесе кривична пријава против 63-годишна жена од селото Тработивиште бидејќи е осомничена дека во дворот од нејзината куќа фрлила неизгасната пепел со што предизвикала пожар на околните имоти и дворови. Опожарена била површина од 1,5 хектари.

– СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ж. (63) од с.Тработивиште, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.02.2023 околу 14.00 часот во дворното место на нејзината семејна куќа во с.Тработивиште, таа фрлила неизгасната пепел и предизвикала пожар, кој поради ветрот се проширил во околината на имотите и дворовите на соседите со што била опожарена површина од околу 1,5 хектари, а биле доведени во опасност и куќи на соседите, информира Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости