Фрлена бомба врз француската амбасада во Атина

by fokus 11:37
11:37

Рачна бомба од моторцикл во движење била фрлена утринава врз француската амбасада во центарот на Атина. Како што соопшти полицијата, еден припадник на обезбедувањето е полесно повреден.

Според полицијата нападот го извршиле две лица на моторцикл, кој потоа врз основа на безбедносните камери е пронајден во центраалниот кварт на Атина познат по анархистите.

- Advertisements -

Нема оштетувања на објектот на Амбасадата. Во меѓувреме полицијата го блокира приодот, а антитерористички единици вршат истрага.

Поврзани новости