Фридом Хаус: Медиумите во Македонија не се слободни

by Фокус

Македонија од делумно слободни  се симна во групата неслободни медиуми по објавувањето на материјалите кои индицираат на опсежно и незаконско прислушување од страна на Владата на новинари, за корупциска поврзаност меѓу функционери и сопственици на медиуми и како резултат на зголемениот број закани и напади врз медиумските работници се наведува во заклучокот во Извештајот за 2016 година на Фридом Хаус, за Македонија.

Според извештајот, во Македонија е присутна автоцензурата кај новинарите, главно како резултат на притисокот од сопствениците на медиумите со конкретни бизнис или политички интереси и во поново време како резултат на следењето. Новинарите се слабо платени и се соочуваат со закани и со злоставување поради истражувачко или критичко известување.

Клучен настан – прислушувањето

– Во февруари 2015, лидерот на опозицијата Зоран Заев ја обвини владата на премиерот Никола Груевски за спроведување опсежна операција на прислушување каде цел се и над 100 новинари, заедно со илјадници други лица.

– Заклучоците на истрагата поддржана од Европската комисија ги поткрепија тврдењата на Заев.

– Заев исто така откри серија снимени разговори кои сугерираат дека владини претставници имале улога во одлучувањето за она што ќе биде објавено во јавните и во некои привтни медиуми.

– Бројни новинари добиле закани или биле цел на физички напади во текот на годината.

Поврзани новости