Фридом Хаус: Македонија има најмала медиумска слобода на Балканот

by Фокус

Македонија има најмала медиумска слобода, за што придонеса рестриктивните закони и насилството врз новинарите, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“ објавен денеска. Според извештајот, резултатот на Македонија е 58, со што е најлошата земја на Балканот.

– Неколку земји во Западниот Балкан и понатаму се со загрижувачки тренд за кршење на слободата на медиумите во 2014 година. Состојбата на медиумите е обележана со неколку заеднички проблеми: користењето на законите за клевета и навреда од политичарите и бизнисмените за да се сузбие критичкото известување; провладина политика во јавните радиодифузни сервиси, притисоци врз уредници од страна на политичките водачи и приватните сопственици, што доведува до самоцензура; застрашување, закани и напади врз новинари за кои не се изрекуваат казни, како и нејасна сопственичка структура. Резултатот на Македонија опадна за 10 поени во изминатите 10 години, со што е најлошата земја на Балканот – се наведува во извештајот.

Извештајот забележува за Македонија дека неколку “опозициски ориентирани медиуми беа затворени во изминатиот петгодишен период, а новинарот Томислав Кежаровски остана во притвор во 2014 година поради сомнителните обвиненија дека го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство“.

Поврзани новости