Дескоска им порача на студентите да бидат гласни и да немаат страв

by fokus

Министерката за образование, Рената Дескоска, со латинскиот израз Vivat academia! им посака успешна академска година на броцушите, студентите и професорите во високото образование.

„Бидете гласни, искажете го Вашето мислење без страв, бидејќи Вие сте корективот на општествените политики, Вие сте симболот на слободата и на прогресивниот дух и  иднината на Република Македонија. Како министер во Владата на Република Македонија задолжена за образованието и науката ќе се залагам за подобрување на стандардот на студентите, а истовремно ќе ја гарантирам и автомијата на Универзитетите“, им порача министерката.

До професорите испрати порака дека ќе го поддржи развојот на квалитетно високо образование.

„Стоиме на иста страна, имаме заедничка мисија, заедничка цел да обезбедиме повисок квалитет на високото образование, академска и творечка слобода. Имате партнер од другата страна, вистински партнер кој заедно со Вас, ќе работи на исполнување на сонот за светски признати универзитети“, додава таа.

Поврзани новости