Фрчковски хоспитализиран, се наоѓа во стабилна состојба

by Фокус

Универзитетскиот професор и поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчковски, е заразен со ковид 19.

Тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника откако почувствувал истоштеност поради покачена температура. Лекарите процениле дека треба да го задржат на болничко лекување, со цел да ја следат неговата понатамошна состојба.

Но, Фрчковски се наоѓа во стабилна состојба.

Поврзани новости