Фрчковски: Гонењето и судењето на судиите кои имаат кривични дела ќе биде одличен поттик

by fokus

После ова некои судии мислам дека кривично ќе бидат гонети и судени што е одличен поттик, изјави денеска професорот Љубомир Фрчковски коментирајќи го најновиот извештај на Прибе.

-Извештајот на Прибе е прилично остар, но е одличен, особено неговиот предлог кривично да се гонат судиите кои имаат сторено кривични дела. Тој е основа за спроведување на реформите во правосудството кои веќе се подготвуваат. Локацијата на блокадите е во закрчените инстиуции на правосудството, мора политички удар врз нив. Тоа значи нов закон, да ги смените, тој тромб во крвотокот на судството, мала група, десетина, петнаесет судии, за да може правдата да биде доделена, изјави Фрчкоски.

Поврзани новости