Фрчкоски: Таравари покажа незнаење и глупавост

by Fokus

Професорот Љубомир Фрчкоски во изјава за „Фронтлајн“ му реплицираше на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците кој се спротивстави на неговото назначување за Амбасадор во Њујорк.

„Таравари покажува такво незнаење и глупавост што не разликува кој на која страна бил во 2001 година. Тој мора да знае колку важен е Охридскиот рамковен договор за Албанците и за сите во Македонија. Само по 20 изминати години луѓето забораваат што сме решиле тогаш, колку тежок конфликт бил тоа. Тогаш Македонците многу малку го поддржуваа, но сега според исиптувањата 62 проценти Македонци го подржуваат Охридскиот рамковен договор, бидејќи се гледа дека тоа дефинира една држава која функционира и го ефектуира својот мултикултурализам“, рече Фрчкоски

 

Поврзани новости