Фрапирачки фотографии од мизеријата во која учат осумгодишни деца!!!

by fokus 13:35
13:35
Руина, темна и студена, без вода и греење. Нема ниту фасонки, а камоли сијалици. Канта за вода, наместо чешма со мијалник. Овие фрапирачки фотографии ја отсликуваат мизеријата во која учат основците од селото Долна Цера, општина Македонска Каменица.
15175622_1655104048121061_1423390793_n

 

Во оваа дупка, која никој не може да ја нарече училиште, учат деца кои на сета беда околу нив се принудени и да смрзнуваат во четирите ѕида – тие веќе една недела се без дрва за огрев.

15175593_10208044276807629_1247572950_n
Во импровизацијата од училиште нема ни вода за пиење – наместо чешма има канта со вода.
15209237_10208044368809929_668908974_n
Во истата урнатина, се наоѓа и спомен костурницата на жртвите од битката во месноста Говедар од 1913 година.
15226584_10208044322368768_1393782151_n
 Во спортската сала нема струја, не  може ни да се влезе, а камоли да се изведуваат какви било рекреативни активности.
15218692_10208044324408819_1571635579_n
15211523_10208044456932132_1339511613_n

Поврзани новости