Француските социјалисти ја обвинија власта на Груевски за демократски неуспеси

by Фокус

Shekerinska„Македонија: Демократијата не може да биде празен збор“. Ова е насловот на соопштението на француската Социјалистичка партија објавено по средбата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан Кристоф Камбаделис во рамки на нејзината посета на Франција.

„Демократските неуспеси со кои се соочува Македонија од доаѓањето на власт на актуелниот премиер, Никола Груевски, се вознемирувачки во повеќе насоки: ограничување на слободата на медиумите, владината контрола над медиумите, заплашувањата, притисок врз правдата, пропаганда врз јавното мислење“, стои во соопштението.

Социјалистичката е партија од која произлегуваат и сегашниот претседател Франсоа Оланд и неговиот истоименик и експретседател Митеран.

Поврзани новости