Францускиот селектор: За среќа навивачите на Мароко не даваат голови

by fokus

Францускиот селектор Дидие Дешамп рече пред денешниот полуфинален натпревар на Светското првенство дека неговиот тим ќе биде инфериорен на трибините поради бројната поддршка која ја има Мароко, но оти среќна околност е што „головите не ги постигнуваат навивачи“.

„Ќе биде бучно и се подготвуваме за тоа. Цела среќа е што навивачите не се тие кои постигнуваат голови. Дознавме како е да се игра во таква ситуација кога се натпреварувавме против Тунис. Мораме психички да бидеме подготвиме за тоа. Мароко? Грешат сите кои велат дека тоа е само силна дефанзивна екипа која на ова првенство прими само еден гол и тоа автогол. Само со одбранбена игра не би дотуркале толку далеку“, рече Демашп.

Дуелот меѓу актуелниот светски првак, Франција, и најголемото изненадување на Мундијалот, Мароко, која воедно е прва африканска репрезентација која обезбедила полуфинале во историјата, ќе се игра вечерва од 20 часот на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кор.

Натпреварот ќе го суди Цезар Артуро Рамос од Мексико.

Поврзани новости