Францускиот Парламент даде првично одобрување на закон кој забранува објавување слики и видеа со полицајци

by fokus

Долниот дом на францускиот Парламент денеска даде првично одобрување на контроверзниот нацрт-закон за безбедност со кој се ограничува објавувањето фотографии или видеа од лица на полицајци што беше жестоко критикуван од групите за слобода на печатот.

Националното собрание, контролирано од приврзаниците на претседателот Емануел Макрон, го донесе предлог-законот со 388 „за“, 104 „против“ и 66 воздржани.

Нацрт-законот мора да оди во Горниот дом – Сенатот во јануари, а премиерот Жан Кастекс вети дека ќе побара одобрување од Уставниот суд.

Поврзани новости