Франција ќе испрати борбени авиони за  потребите на Украина?

by Fokus

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека „нема да ја исклучи” можноста за испраќање борбени авиони во Украина, но предупреди на ризик од ескалација во конфликтот.

„Во принцип, ништо не е исклучено”, рече Макрон по разговорите со холандскиот премиер, Марк Руте, на прашањето дали постои можност за испраќање борбени авиони за Киев како поддршка на борбата против руската инвазија.

Поврзани новости