Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Иванов е надвор од преговорите за името

by fokus

Во пресрет на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас наместо папагалското повторување и барање за одржување на лидерска средба, ВМРО-ДПМНЕ – Демократската фракција смета дека наместо средба на „четирите поглавици“ под итно треба да се свика Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на која Министерот за надворешни работи ќе ги информира претставниците на највисокиот законодавен дом за текот на преговорите.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека согласно член 91 од Уставот на РМ, Законот за Влада, Законот за надворешни работи и Законот за склучување на меѓународни договори, Владата на РМ нема надлежност да иницира склучување на меѓународен договор за прашањето за името, па оттука потребно е премиерот Заев јавно да ја објасни својата „креативна“ улога во процесот на разговори и намерата да склучи меѓународен договор со премиерот Ципрас“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ – ДФ.

Од фркацијата бараат одговор зошто претседателот Ѓорге Иванов е надвор од разговорорите и зошто е нарушена постапката за начинот и форматот на водење на разговорите.

Фракционерите бараат јавноста да биде запознаена за тоа кој му дава инструкции на министерот Димитров за водење на разговорите како и дали за содржината на досегашните средби и разговори се води архивско досие.

„Сакаме јавно да го потсетиме премиерот Заев на гаранциите кои му ги даде на претседателот на државата пред да ја добие номинацијата за мандатар на Владата на РМ, посебно на точката 4 која гласи: ,,Гарантираме дека процесот на носење одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава”. И затоа ниту еден документ, договор, платформа, декларација, акт или дејствие кои се спротивни на македонскиот Устав како и на четирите точки од гаранцијата не можат да бидат услов, ниту основа за дејствување на Владата на Република Македонија, а поготово не на премиерот на Владата на РМ“, велат од таму.

Поврзани новости