Фотографии од гласачите на новиот избирачки список

by fokus 13:21
13:21

Покрај имињата на гласачите на избирачкиот список за следните избори, ќе стои и фотографија идентична со фотографиите од личните карти што се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, информираат за Сакамдакажам.мк од Државната изборна комисија (ДИК).

Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти.

Информатичките инженери во ДИК интензивно работат на изработка на специјална апликација со фотографии од граѓаните со право на глас, која треба да биде вградена во Избирачкиот список.

На денот на изборите ќе се врши проверка на фотографиите, за да се спречат обидите да се гласа со туѓа лична карта. Право на глас ќе имаат само оние гласачи за кои во проверките ќе се утврди дека личната карта е нивна и чија фотографија на личната карта ќе биде идентична со таа што ќе стои на Избирачкиот список.

Поврзани новости