Уличната уметност дојде дојде до израз вечерва во Скопје, со почетокот на културната манифестација „Бела Ноќ“.

Организаторите на овој настан очигледно е дека се потрудиле главниот град да блесне во вистинско светло и да ги остави присутните воодушевени.

На повеќе локации ќе има изложби, детски работилници, концерти, театарски претстави, инсталации, кино проекции и поетски читања.

Програмата на „Бела ноќ“ првпат е збогатена и со меѓународен фестивал на светлосна уметност „Skopje light art district“, што ќе се одржува од вечерва до 9-ти октомври.

За време на „Бела ноќ“, бесплатно ќе биде возењето во автобусите на ЈСП „Скопје“, кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови, а кафулињата ќе работат постојано.

ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.