(Фото) Загаден воздух или ќотек во автобус – започна протестот против контролорите во ЈСП

by fokus

Попладнево, пред централата на ЈСП во Автокоманда започна протестот против контролорите во автобусите на ЈСП. Ова доаѓа по односот на контролорите врз студентот Сирхан Усеин, кој преку својот профил на Фејсбук информираше за нивно недолично однесување во автобус.

-„ЈСП, контролирај ги контролирите”, „Отказ за насилниците во ЈСП“, се само дел од пораките кои ги испратија присутните на протестот.

Исто така, тие побараа да се вработат Роми како контролори во ЈСП и правда во автобусите.

Ј.Ц.

Поврзани новости