(ФОТО) Шара се „дави“ во ѓубре

by fokus
Најлонски кеси, пластични шишиња и друг тешко биоразгридлив отпад е расфрлен на излетничко место на Шар Планина.
На широкиот зелен простор, каде има поставено и клупи, се разлетани најлоните, а корпите претекуваат од ѓубре.
Местото се наоѓа на околу пет километри од скијачкиот центар Попова Шапка, а очигледна е ниската свест на граѓаните.
Во моменти кога живееме во време на пандемија и бегаме од секојдневието, треба да се научиме ѓубрето да го ставаме на соодветно место, а не во природата.
Текст и фото: Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости